Skip to content

ДАТУМ

март 17, 2022

Категории

Започнаа градежните активности за изградба на фекална канализација и пречистителна станица во с. Лесново

Договорот со избраниот најповолен понудувач Кими-Ибра ЈТД Кичево за реализација на проектот „Изградба на фекална канализација во с. Лесново, општина Пробиштип (фекална канализација крак 1 и крак 2 и пречистителна станица)“ беше потпишан на 9 март 2022 година.

Во просториите на општина Пробиштип, на 16 март 2022 година во присуство на градоначалникот Драган Анастасов и директорот на Центарот Зујица Ангелова, изведувачот беше воведен во работа од страна на надзорниот инженер со што и официјално започнаа градежните активности за изградбата на фекална канализација со пречистителна станица во с. Лесново.

Проектот е во вредност од околу 3.8 милиони денари и ќе се реализира со финансиски средства обезбедени од Бирото за регионален развој во рамките на Програмата за рамномерен регионален развој за 2021-2022 година, како и со дополнително кофинансирање од страна на Општина Пробиштип.

Со реализацијата на овој проект ќе се придонесе за решавање на проблемот со фекалната канализација во с. Лесново и ќе се направат чекори за почиста животна средина во најпрепознатливиот белег на општина Пробиштип.

Крајниот рок за реализација на проектот е заклучно до месец ноември 2022 година.

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy