Советот за развој на Источен плански регион, на ден 14.04.2022 година, во општина Штип, ја одржа V (Петтата) итна Седница.
На Петтата итна седница беа донесени следните Одлуки:
- Одлука за поддршка на концепт решенија за аплицирање по претстојниот повик за користење на средства од Програмата за рамномерен регионален развој за 2023 година со индикативно планирани средства за 2024 година;
- Одлука за спојување на концепт решенија;
- Одлука за утврдување на Листа на приоритетни концепт решенија;
- Одлука за преотстапување на изграден објект „Рехабилитација на полски пат во село Вирче, општина Делчево“
На Седницата имаше и дискусија во врска со очекувањата и предизвиците од идното студиско патување во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој – фаза 2“, со странски експерт и претставници на проектната единица.
На седницата беа презентирани концепт решенијата, како фаза четири од начинот на организирање и спроведување на регионални консултации – форуми за утврдување на Предлог – листа на проекти за развој на планските региони, за финансирање од Програмата за рамномерен регионален развој за 2022 година со индикативно планирани средства за 2023 година.
Имаше и презентација на предложените концепт решенија, како четврти чекор од Упатството за начинот на организирање и спроведување на регионални форуми на заедницата за проектите од Грантовата шема на СДЦ/ МЛС “Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој – II фаза”.
No comment yet, add your voice below!