На 13.06.2022 година, во општина Делчево, Центарот за развој на источен плански регион од Штип Склучи договор со ДПГ СД- ТРАНС ДООЕЛ,- с. Звегор, Општина Делчево за реализација на проектот ,,Рехабилитација на полски пат во село Вирче во Општина Делчево (завршеток на траса),, во рамки на: „Подобрување на руралната патна инфраструктура преку изградба на пристапни патишта во подрачјата со земјоделска дејност и обработлива површина во Источен плански регион“. Овој проект е финансиран од Програмата за капитални субвенции за развој на планските региони во областа на земјоделието и руралниот развој за 2021 година.
Со овој Договор, се реализира, втора фаза од проектот во должина од 320 метри, како резултат на заштедени средства од првата фаза. Со реализацијата на двете фази, ќе се добие полски пат со должина од 1.320 метри, при што ќе се овозможи на земјоделците да пристапат до своите обработливи површини од две старани, низ центарот на с. Вирче, и по локалниот пат с. Вирче, с. Град во општина Делчево.
ДАТУМ
јуни 20, 2022
Категории
Склучен Договор за „Рехабилитација на полски пат во село Вирче во Општина Делчево (завршеток на траса)“
Споделeте:
Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram
No comment yet, add your voice below!