Советот за развој на Источен плански регион, на ден 04.11.2022 година, во општина Пробиштип, ја одржа VII (Седмата) Седница.На Седмата Седница членовите беа презентирани:
- Можностите за мултифункционално искористување на водните ресурси од Источен плански региони, врз основа на Студијата за можности за регулација на река Брегалница (мини акумулации, брани и каскади);
- Концептот на Решенија засновани на природата за пречистување на водите и адаптација на климатските промени;
- Можноста од спроведување на организиран регионален пристап во однос на заштита на населението во Источен плански регион од вектор-преносливи болести преку дезинсекција на возрасни комарци – презентер претставник од Центар за јавно здравје Скопје.
- Проекти за развој на планскиот регион за 2022 година со индикативно планирани средства за 2023 година;
- Процесот на избор за финансирање на инвестициски предлог-проект во рамки на Грантовата шема на МЛС/СДЦ “Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој – II фаза”;
- Начинот на организирање и спроведување на регионални консултации – форуми за утврдување на Предлог – листа за финансирање на проекти за развој на Источен плански регион од Програмата 2023/2024.
- Одлука за преотстапување на изграден објект „Рехабилитација на полски пат во село Вирче, општина Делчево (завршеток на траса)“;
- Одлука за преотстапување на изграден објект „Реконструкција на постоечка улица 3 во туристичка населба Беровска езеро, општина Берово“;
- Одлука за избор на Претседател на Советот за развој на Источен плански регион.
No comment yet, add your voice below!