Центарот за развој на Источен плански регион во рамки на „Регионалните консултации – форуми“ организирани и спроведени од страна на Бирото за регионален развој – Министерството за локална самоуправа, започнува со реализација на циклус на Регионални форуми финансирани од страна на Министерство за локална самоуправа и Швајцарската Амбасада.
Имајќи ја во предвид потребата за подобрување на капацитетите на центрите во подготовката, управувањето и имплементацијата на иновативни регионални проекти како и зголемување на транспарентноста и одговорноста на регионалните совети се пружи одлична можност во координација и соработка со релевантните засегнати страни приватниот сектор, академската заедница, и граганското општество да се одлучува за она што е приоритет и потреба во регионот.
Една од активностите на овој проект е токму организација на форумски сесии. Во рамките на предвидените форумски сесии ќе се дискутира за проблеми кои го засегаат регионот и ќе се нудат решенија од кои ќе произлезат проектни идеи/концепти за предлог проекти. Од овие концепти за предлог идеи учесниците на форумот ќе ги изберат најприоритетните, кои ќе конкурираат за реализација од проектниот фонд. На последната сесија ќе се даде информација за реализација на избраниот/избраните проект/и и препораки.
На првата форумска сесија учесниците ќе имаат можност да се запознаат со форумскиот процес, да дискутираат за приоритетните проблеми поврзани со избраната област и да предложат приоритетни решенија.
Првата форумската сесија ќе се одржи на 11.11.2022 (петок) со почеток од 10:00 часот, во Хотел Изгрев – Штип.
No comment yet, add your voice below!