Советот за развој на Источен плански регион, на ден 20.12.2022 година, онлајн на виртуелната платформа ZOOM, ја одржа VIII (Осмата) Седница.На Осмата Седница на членовите на Советот од страна на надворешениот експерт им беа презентирани концепт решенијата, како фаза четири од начинот на организирање и спроведување на регионални консултации – форуми за утврдување на Предлог – листа на проекти за развој на планските региони, за финансирање од Програмата за рамномерен регионален развој за 2023 година со индикативно планирани средства за 2024 година и Советот донесе Одлука со која ги прифати.Беа донесени и следниве:
- Одлука за преотстапување на изграден објект „Изградба на фекална канализација во с.Лесново, општина Пробиштип (фекална канализација крак 1 и крак 2 и Пречистителна станица)“;
- Одлука за преотстапување на изграден објект „Осветлување на дел од магистрален пат А3 кој поминува низ Македонска Каменица“;
- Одлука за усвојување на Финансискиот план на Центарот за развој на Источен плански регион за 2023 година;
- Одлука за утврдување на вредност на бодот за пресметување на платите на вработените во стручната служба на Центар за развој на Источен плански регион за 2023 година.
No comment yet, add your voice below!