Денес се потпиша Договорот за „Реконструкција и адаптација на Дом за стари лица, Берово 4-та ламела, општина Берово”, финансиски поддржан од Министерство за локална самоуправа, Швајцарската агенција за развој и соработка SDC и општина Берово, во рамки на проектот “Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој – II фаза”.
Источниот плански регион се грижи за најстарите жители преку проширување на постојните капацитети за нови 28 корисници на услугата институционална нега и грижа на стари лица.
Вкупната вредност на проектот е 21.947.268.00 денари, од кои 11.015.000,00 денари се средства обезбедени од Министерството за локална самоуправа, 8.949.000,00 денари се средства без вклучен ДДВ обезбедени од Швајцарската агенција за развој и соработка SDC и 1.983.268,00 денари е ко-финансирање на Општина Берово.
Крајниот рок за реализација на проектот е декември 2024 година.
No comment yet, add your voice below!