Советот за развој на Источен плански регион, на ден 01.02.2022 година, во општина Берово, ја одржа IX (Деветтта) Седница.На Деветтата Седница, од страна на Г-дин Столе Митров од ЛИСА-КОМ МС ДООЕЛ Кавадарци, им беа презентирани услугите кои ги нуди компанијата за дезинфекција, дезинсекција и дератизација со беспилотни летала (дронови), со посебен акцент на заштита на населението од возрасни комарци и третирање на ларви како еден од предизвиците на Источниот плански регион.На Седницата Советот донесе:
- Одлука за утврдување на Листа на Предлог – Проекти за развој на Источен плански регион, за финансирање од Програмата за рамномерен регионален развој за 2023 година со индикативно планирани средства за 2024 година,
- Одлука за преотстапување на изграден објект „Реконструкција на градски парк – Кочани“,
- Правилник за определување на траењето на годишниот и платениот одмор и случаите на користење на неплатено отсуство,
- Одлука за утврдување на вредност на бодот за пресметување на платите на вработените во стручната служба на Центар за развој на Источен плански регион за 2023 година, и
- даде согласност за склучување на договор за отстапување на привремен агенциски работник за вршење на привремени работи / Известување за обезбедени финансиски средства.
No comment yet, add your voice below!