Центарот за развој на Источен плански регион зема учество на работилницата “Зголемување на атрактивноста, инклузивноста, релевантноста на стручното образование и обука на образованието за возрасни”, која согласно изготвените политики, има за цел да придонесе во подобрување на образовниот систем и ефективна имплементација на истите.
На темите „Состојбата на процесот на децентрализација во образованието“ и „Улогата на различните актери во подобрувањето на системот за стручно образование и обука како и за примери за добри практики, алатки и искуства на општинскиот персонал задолжен за образование во однос на нивниот активен ангажман во поддршката на процесот на соработка со училиштата и локалните бизниси“ говореше експертот проф.др. Зоран Поповски.
Настанот се одржа на 21.02.2023 (вторник) со почеток од 10:00 часот во х.Бриони, Штип. На настанот земаа учество претставници од општините, од училиштата и ЦРИПР.
Проектот е финансиран од страна на ЕУ.
No comment yet, add your voice below!