Skip to content

ДАТУМ

декември 25, 2023

Категории

Одржана Втора форумска сесија во Источен плански регион

Центарот за развој на Источен плански регион, денес ја спроведе Втората регионална форумска сесија во Хотел Изгрев – Штип, за избор на предлог – проекти за финансирање од Програмата за развој на планските региони за 2024 година со индикативно планирани средства за 2025 година, што се спроведува преку Министерство за локална самоуправа и Биро за регионален развој.

На денешната втора форумска сесија присутните претставници од сите 11 (единаесет) општини во состав на регионот, од страна на надворешниот експер беа презентирани cost-benefit анализите за идентификуваните регионални предлог-концепти, кои претходно беа одобрени на ХIV-тата Седница на Советот за развој на Источен плански регион.

Учесниците на форумската сесија во вториот дел од сесијата, извршија бодување по работни маси, по пат на гласање ги рангираа предлог – концептите на следниот начин:

1. „Воведување на мерки за ЕЕ на јавни објекти и користење на ОИЕ (Подобрување на условите во образовниот процес во ИПР)“, 26 поени;

2. „Унапредување на енергетската ефикасност во регионот преку замена на јавно улично осветлување со ЛЕД осветлување“, 19 поени;

3. „Унапредување во заштитата на животната средина преку опремување со возила за собирање на смет и за одржување на јавна хигиена во регионот“, 14 поени и

4. Регионален центар за згрижување и контрола на популацијата на кучиња скитници и ветеринарно здравство во Источен плански регион (изработка на комплетна техничка документација), 11 поени.

Со ова, Центарот за развој на Источен плански регион  го заокружува процесот на регионални консултации за регионални проекти од важност за регионот, за кои во текот на следната година ќе се подготвуваат формулари за аплицирање до Бирото за регионален развој.

Следните чекори во процесот предвидуваат презентација на резултатите од Втората форумска сесија на следната седница на Советот за развој на Источен плански регион, кој што треба да резултира со донесување на Одлука за приоритетност на идентификуваните регионални предлог-проекти од форумскиот процес.

На двете форумски сесии учествуваа над 120 учесници кои што со своите предлози и дискусии помогнаа за насочување на развојот на регионот во следната година.

Регионалните форуми се спроведуваат во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој – втора фаза“ и се финансиски поддржани од страна на Министерство за локална самоуправа и Швајцарска агенција за развој и соработка. 

Галерија

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy