Советот за развој на Источен плански регион, на ден 25.06.2024 година, онлајн на виртуелната платформа ZOOM, ја одржа XVII (Седумнаесеттата) итна Седница.
По Ограничениот повик за поднесување на целосни проектни предлози во рамки на Територијалната Стратегија од Програмата за прекугранична соработка INTERREG VI-A IPA Бугарија – Северна Македонија 2021-2027, а во врска со поднесената апликација со реф. број BGMK0200046 по Приоритет 3 – Интегриран развој на прекуграничниот регион, специфична цел 1.2. Развој на атрактивна, целогодишна туристичка понуда преку искористување на паметни решенија кои обезбедуваат универзален пристап и учество, Советот донесе Одлука – Центарот за развој на Источен плански регион да учествува како Водечки партнер во проектот „Интегриран развој на препознатливиот културен и close-to-nature туризам во Источниот плански регион и регионот Благоевград” со акроним SERENE и да ги превземе сите потребни активности за развој, разработка и имплементација на проектот.
На седницата, Советот ги донесе и следниве Одлуки:
- Одлука за преотстапување на изграден објект „Поплочување на улица во автентичен стил во населба Ново Село – општина Штип“;
- Одлука за преотстапување на изграден објект „Канали за наводнување и одводнување и каскади на Зрновска река“;
- Одлука за преотстапување на изграден објект „Реконструкција на културен дом „Тошо Арсов“ – Виница“.
No comment yet, add your voice below!