Центарот за развој на источен плански регион го спроведува проектот “Инсталација на фотоволтаични системи на јавни објекти во Источен плански регион“, кој е финансиран од програмата за финансирање на проекти за развој на регионите за 2023 година со индикативно планирани средства за 2024 година, а ко финансирани од општините Штип, Карбинци, Кочани, Виница и Македонска Каменица, партнери во проектот.
По спроведување на постапката за Јавна набавка како најповолна беше избрана понудата на ТМ ДОО – Штип. На 02.04.2024 година, се потпиша договор со кој во петте општини од Источниот плански регион, на 12 јавни објекти ќе бидат инсталирани фотоволтаични системи со вкупна моќност од околу 600 mwh. Вредноста на договорот изнесува 13.700.228,00 денари.
Се очекува работите да бидат завршени до крајот на Септември 2024 година. Со поставувањето на фотоволтаичните системи ќе се намалат сметките за електрична енергија на овие објекти а воедно се придонесува кон заштита на животната средина и намалување на глобалното затоплување.
No comment yet, add your voice below!