На 12.07.2024 година и официјално беше пуштен во употреба реконструираниот дом на култура „Тошо Арсов“ во општина Виница.
Со завршувањето на градежните работи, објектот доби комплетно нов покрив и фасада, а кино салата и сцената добија модерно дизајниран простор со стандарди кои се потребни за да ги задоволат потребите на современо проектирање на филмови и изведба на драми и други театрални случувања.
На настанот присуствуваа градоначалникот на Општина Виница, директорката на Центарот за развој на Источен плански регион, вработени од општинските јавни институции, други присутни претставници од надлежните владини агенции, како и локалното население.
Реконструкцијата на домот на култура „Тошо Арсов“ беше финансирана од Програмата за регионален развој на Министерството за локална самоуправа – Биро за регионален развој за 2020 година, со дополнително кофинансирање од буџетот на Општина Виница.
Со овој капитален објект, Општина Виница добива простор за развивање на културно-забавниот живот и место за младите креативци да ги негуваат и подобруваат своите вештини.
No comment yet, add your voice below!