Skip to content

ДАТУМ

август 1, 2024

Категории

Во тек се градежни активности во рамки на проектот „Реконструкција и адаптација на Дом за стари лица, Берово 4-та ламела“ Општина Берово

Во тек се градежните активности на објектот Дом за стари лица Др. Иван Влашки 4-та ламела, Општина Берово.

Градежните активности во вкупен износ од 14.625.417,00 денари се реализираат со финансиска подршка од Швајцарска Агенција за развој и соработка, Министерство за локална самоуправа и Општина Берово во рамки на Договорот за реализација на инвестициски проект со дигитална компонента од Грантовата шема на проектот “Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој” – II фаза.

Градежните зафати се во функција на проширување на капацитетите на Домот за стари лица и подобрување на условите за корисниците, старите лица од регионот но и за вработените во јавната установа.

Со целосна реализација на проектот за старите лица од Источниот плански регион и пошироко ќе бидат обезбедени услови за нови 28 стари лица корисници на услугите кои ќе бидат сместени и ќе имаат обезбедено пристојни услови и подобар третман, со ова ќе се прошири капацитетот на Домот за стари лица на вкупно 67 корисници од моменталните 39 корисници, згрижени во домот.

Во моментот се работи на завршување на машинскиот дел на проектот, партерно и хортикултурно уредување на објектот

Изведувач на градежните работи е Заштитно друштво за трговија, производство и услуги Игнација ФМ увоз-извоз ДООЕЛ Битола.

Овластен Надзор над градежните работи е МБМ Архитекти Скопје.

Градежните работи се во завршна фаза на реализација. 

Галерија

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy