На 13.2.2025 година во х. Изгрев во Штип се одржа Прва Прес конференција за проектот :Трансформирање на урбаните средини со зелена инфраструктура – EcoScape
Партнери во проектот се Општина Гоце Делчев од Република Бугарија, Општина Штип и Центар за развој на Источен плански регион од Република Северна Македонија
Целта на проектот е одржлив развој на регионот преку спроведување на директни иницијативи насочени кон подобрување на урбаната средина во прекуграничните региони. Справување со економски, социјални и територијални диспаритети како и нееднаквости, проектот ќе предложи соодветни инвестиции за подобрување на квалитетот на животот на локалните граѓани, инклузивноста на образованието, обуката, и решавање на јазови на територијални разлики.
Со проектот ќе се изградат нови зелени површини (паркови) во Штип и Гоце Делчев, Република Бугарија и тоа 3 (три) парка во Штип со површина од 1.135 ha и 0,775 ha зелена површина во Гоце Делчев Бугарија.
Освен воведувањето зелена инфраструктура во овие два града со проектот на регионално ниво ќе се изработи: 1. Стратегија за зелена инфраструктура, 2. Акциски планови, 3. Концепт за зелена транзиција и 4. градење капацитети
Буџетот на проектот изнесува 867.654,00 ЕУР
No comment yet, add your voice below!