Со извршената контрола од Бирото за регионален развој, Центарот за развој на Источен плански регион и официјално заврши уште еден дел од активностите предвидени со проектот „Збогатување на туристичката понуда во Источен плански регион“.
Реализацијата на овој проект е поддржана од Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој, а финансиските средства се обезбедени преку Програмата за развој на планските региони за 2023 година со индикативно планирани средства за 2024 година.
Со изградбата на рекреативниот комплекс во с. Пишица се овозможи асфалтирање на пристапна патека до излетничкото место на брана Пишица како надоврзување на постоечката патна мрежа во с. Пишица. Воедно се уреди и паркинг простор за возила од кршен камен без да се нарушува природниот изглед на локалитетот, се изработи мрежа од патеки од кршен камен која ги поврзува елементите на урбана опрема, се поставија летниковци, дрвени клупи и маси, ѕидани скари за приготвување на храна и корпи за отпадоци.
Вкупната вредност на овој проект е 9.376.790,00 денари, средства обезбедени од Програмата за развој на планските региони, како и дополнително кофинансирање од Општина Пробиштип.
No comment yet, add your voice below!