Центарот за развој на Источен плански регион започна со реализација на нов проект кофинансиран од Европската Унија, кој за прв пат се реализира од програмата Interreg Europe.
Проектот „Зајакнување на регионални и локални центри за привлекување и задржување на таленти и инвестиции – МАГНЕТ“ е координиран од Општина Реџо Емилија од Италија и се реализира во соработка со други 5 партнерски организации од 5 земји од Европската Унија.
Проектот MAGNET се фокусира на регионалните и локалните центри за привлекување и задржување на инвестиции и таленти, кои се стратешки точки за контакт кои обезбедуваат услуги и алатки за поддршка на конкурентноста на малите и средни претпријатија и територијалниот развој. Услугите се движат од олеснување и стимулации до вредносни предлози и вклучување на засегнатите страни.
Партнерите на овој проект цврсто се согласуваат дека интеграцијата/меѓусебната поврзаност на услугите и алатките за инвестиции и привлекување/задржување на таленти води кон подобрување на економскиот раст со позитивно влијание врз вработувањето, со квалификувана работна сила во однос на потребите на стратешките вредносни синџири.
Проектот предвидува активности за размена на знаења и искуства со европските партнери кои треба да резултираат со подобрување на регионалните стратешки документи од поврзани со подобрување на иновацискиот екосистем, поддршка на претприемништвото и привлекување на таленти и инвестиции и ќе се реализира заклучно до 31.07.2029 година.
