Советот за развој на Источен плански регион, на ден 27.03.2025 година, онлајн преку конференциска врска со употреба на интернет комуникација и софтверски алатки, ја одржа дваесет и првата итна Седница.
Советот ги донесе следниве Одлуки:
- Одлука за преотстапување на објект „Реконструкција и адаптација на деловен објект бр.4 во кругот на постојниот Дом за стари лица „Иван Влашки“ во Берово“;
- Одлука за предавање во сопственост и владение на Наменска опрема (мебел по нарачка и мебел за чекална и канцеларии) набавена во рамки на проектот „Реконструкција и адаптација на Дом за стари лица, Берово 4-та ламела, Општина Берово”;
- Одлука за предавање во сопственост и владение на Апарати за Дом за стари лица Берово, 4-та ламела, Општина Берово;
- Одлука за предавање во сопственост и владение на стоки: постелнина и текстилни производи за потребите на Дом за стари лица, Берово 4-та ламела, Општина Берово;
- Одлука за усвојување на Годишниот Извештај за работењето на Центарот за развој на Источен плански регион за 2024 година;
- Одлука за давање на позитивно мислење и усвојување на завршната сметка на Центарот за развој на Источниот плански регион за 2024 година;
- Одлука за давање на позитивно мислење и усвојување на завршната сметка на Проектот ,,Одржив и инклузивен рамномерен регионален развој – II фаза” за 2024 година;
- Одлука за усвојување на Годишниот Извештај за спроведување на Програмата за развој на Источниот плански регион 2021-2026 за 2024 година;
- Одлука за одобрување на Образецот за евиденција на развојните потенцијали на планските региони од значење за регионалниот развој за 2024 година, пополнет од страна на Центар за развој на Источен плански регион;
- Одлука за усвојување на текстот на Договорот за дополнителни средства за финансирање на задачите и активностите на Центар за развој на Источен плански регион за 2025 година;
Одлука за позајмица на средства за реализација на Проект „Превентивни пристапи кон зачувување на европското културно наследство“ со акроним „PROTECH 2024“.
No comment yet, add your voice below!