Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) објави јавен повик за изразување интерес за учество во Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 3 (ReLOaD3) за сите општини кои не учествувале во претходните фази од програмата – ReLOaD1 и ReLOaD2. Во програмата ќе бидат вклучени 5 партнерските општини: 1 општинa ќе се избере со директен повик од општините кои беа вклучени во ReLOaD1 и ReLOaD2, а останатите 4 општини ќе бидат избрани од општините кои не учествуваа во претходните фази од ReLOaD програмата.
Регионална програма за локална демократија во Западен Балкан 3 (ReLOaD3) објавува јавен повик за општини за учество во ReLOaD3 Програмата која е финансирана од Европската Унија (ЕУ) а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). ReLOaD3 започна на 1 февруари 202525 година и во следните 4 години има за цел да ја зајакне партиципативната демократија и интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ преку зајакнување на граѓанското општество со цел активно учество во донесувањето одлуки и подобрување на правното и финансиското опкружување за граѓанските организации.
Сите општини кои не учествувале во претходните фази на ReLOaD програмата се поканети да изразат интерес за учествуво во ReLOaD3. Со овој јавен повик, ќе бидат избрани 4 партнерски општини кои ќе бидат поддржани во понатамошниот развој за транспарентно финансирање на проекти на граѓански организации.
Поднесување на апликацијата и рокови
Условите за пријавување и критериумите за избор на партнерски општини се опишани во Упатството за апликанти (Група 2). Сите документи, составен дел на апликацијата, се во прилог а се објавени и на веб-страната www.mk.undp.org. Повикот е отворен во периодот од 14 април до 14 мај 2025 година.
Информативните сесии за јавниот повик ќе се одржат преку платформата ЗООМ на 22 април и 30 април 2025, а дополнителните информации за овие сесии ќе бидат објавени на горенаведената веб-страна.
Документацијата за апликацијата треба да се поднесе во една (1) оригинална копија и една електронска копија (USB) во запечатено плико по препорачана пошта, преку курирска служба или лично на следната адреса со назнака:
УНДП Северна Македонија
Регионална програма за локална демократија на Западен Балкан 3 (ReLOaD3)
Јордан Хаџи-Константинов Џинот 23, 1000 Скопје
Краен рок за поднесување апликации е 14 мај 2025, до 17 часот. На апликациите поднесени по пошта треба да има поштенски печат каде што се потврдува дека апликацијата е поднесена пред истекот на официјалниот рок. Апликациите кои ќе бидат поднесени на друг начин (на пр. Факс или е-пошта) или по истекот на официјалниот рок, нема да бидат земени предвид.
За дополнителни информации или појаснување, потенцијалните апликанти можат да испратат барање со предмет „Проект ReLOaD3“ на registry.mk@undp.org. Прашања може да се поставуваат во период до пет дена пред истекот на рокот за поднесување апликации. Одговорите на прашањата ќе бидат дадени преку електронска пошта во рок од три работни дена по приемот.
No comment yet, add your voice below!