Skip to content

ДАТУМ

мај 21, 2025

Категории

Потпишан договор за реализација на проект „Изградба на пешачко-велосипедски патеки на Беровско Езеро“

Центарот за развој на Источен плански регион започна со реализација на проектот за изградба на пешачко-велосипедски патеки на Беровско Езеро кој се реализира во рамките на проектот „Збогатување на туристичката понуда во Источен плански регион“.

Проектот е финансиран од Програмата за рамномерен регионален развој на 2023 година со индикативно планирани средства за 2024 година од страна на Министерството за локална самоуправа.

Во рамките на проектот се предвидува изградба на две пешачко-велосипедски патеки: на Беровско Езеро и во близина на хотел Вип.

Активностите предвидуваат расчистување на теренот, изработка на скали за полесно движење низ теренот и поставување на урбана опрема од типот на информативни табли, патокази, клупи и корпи за отпадоци.

Вкупната вредност на проектот е околу 3,2 милиони денари, а изведувачот Градежник Инг активностите на терен треба да ги заврши најдоцна до 30.09.2025 година.

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram