Центарот за развој на Источен плански регион, Општина Штип и Општина Гоце Делчев од Република Бугарија, Ве покануваат да земете учество на втората работилница за подготовка на Заедничка стратегија за зелена инфраструктура (2025 – 2035) за Источен плански регион, (Р. С. Македонија) и Гоце Делчев (Р. Бугарија), која се изработува во рамки на проектот: “ТРАНСФОРМИРАЊЕ НА УРБАНИТЕ ДЕЛОВИ СО ЗЕЛЕНА ИНФРАСТРУКТУРА” ECOSCAPE BGMK0300060, финансиран од Програмата за прекугранична соработка Интеррег – ИПА Бугарија – Северна Македонија INTERREG VI-A IPA 2021-2027.
Втората работилница ќе се одржи на 28 мај, 2025 година (среда) во Хотел “ОАЗА” – Штип, со почеток во 11:00 часот.
Ве замолуваме Вашето присуство да го пријавите најдоцна до 26.05.2025 година (понеделник) до 12:00 часот на е-маил: bc.ipr@eastregion.mk или на тел: 070/602-266, лице за контакт: Евица Николовски.
Покана – Втора работилница – Стратегија за ЗЕЛЕНА ИНФРАСТРУКТУРА на ИПР
Агенда – Втора работилница за изработка на Стратегија за зелена инфраструктура на ИПР
