На 18-ти aвгуст 2025 година, Центарот за развој на Источен плански регион го потпиша Договорот за јавна набавка на работи, „Доградба и реконструкција на ОУ „Синиша Стоилов“ во општина Зрновци“ како дел од проектот: „Воведување на мерки за ЕЕ и подобрување на просторните услови во образовниот процес преку Доградба и реконструкција на ОУ „Синиша Стоилов“ во општина Зрновци, финансиски поддржан од Министерство за локална самоуправа и општина Зрновци.
Фирмата која го доби тендерот за јавна набавка на работи е „Друштво за градежништво и услуги МАК БИС ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ Скопје“ во вкупна вредност од 5.406.429,00 денари со вклучен ДДВ со вклучен ДДВ.
Проектот е финансиран од Министерството за локална самоуправа општина Зрновци.
Воедно, Центарот за развој на Источен плански регион го воведе проектот во работа и ги започна градежните активностите за проектот на ден 25-ти август 2025 година.
Изведувачот има рок до 31.10.2025 година да ги заврши предвидените работи.
Со реализацијата на овој предлог-проект ќе се даде значител придонес во подобрување на квалитетот на основното образование во општина Зрновци преку зголемување на просторниот капацитет на ОУ „Синиша Стоилов“, општина Зрновци, воведени мерки за ЕЕ на објектот преку изградба на термоизолациона ЕЕ фасада и кров.
Со реконструкцијата на објектот би се изградило приземје со два ката нови простории за потребите на основното образование, вкупно 153м2 нови простории за образование.
Со ова би имале бенефит директно 132 ученици и 28 лица вработени. А со самото тоа би имале бенефит индиректно 2086 жители од општина Зрновци.





