Skip to content

ДАТУМ

септември 4, 2025

Категории

Потпишан втор договор за реализација на проект „Изградба на пешачко-велосипедски патеки на Беровско Езеро“

Поради измени во обемот на прво потпишаниот договор како резултат на објективни причини на терен, Центарот за развој на Источен плански регион обезбеди согласност од Бирото за регионален развој за доискористување на одобрените средства и склучи втор договор за изградба на пешачко-велосипедски патеки на Беровско Езеро во рамките на проектот „Збогатување на туристичката понуда во Источен плански регион“.

Патеката во близина на хотел Вип ја добива конечната форма и содржина, а туристичката дестинација Беровско Езеро ќе биде надополнета со изградба на патека со која ќе се направи поврзување со туристичката населба Абланица.

Овој проект предвидува расчистување на теренот и негово оплеменување, поставување на информативни табли и патокази, корпи за отпадоци, како и изработка на дрвени премини за подобрување на мобилноста на посетителите долж патеката од 3,9км.

Вкупната вредност на проектот е околу 2,4 милиони денари со краен рок за реализација најдоцна до 30.09.2025 година.

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram