На 14 јули 2025 година, се потпиша Договорот за реализација на проектот “Подобрување на образовните услови и креирање на навики за заштита на животната средина на учениците од основните училишта во подрачјата со специфични развојни потреби во Источен плански регион”, помеѓу Бирото за регионален развој и Центарот за развој на Источен плански регион.
Во рамки на проектот опфатени се основни училиштата од 34 села во 9 општини од регионот и за истите се предвидува набавка на 38 комплет интерактивни табли и на 42 комплети на садови за селекција на отпад.
Основните училишта во подрачјата со специфични развојни потреби, имаат потреба од современи наставни помагала за да можат да им овозможат на учениците современи начини за пренос на знаење и развој на дигитални вештини во средини каде е изразен технолошкиот јаз.
Набавката на комплет интерактивни табли и садови за селекција на отпад се очекува да има трансформативно влијание и на образовната средина и на практиките за одржливост во овие заедници. Со ставање фокус на воведување на современа технологија и правилно управување со отпадот, овој предлог проект ќе поттикне подобрувања во квалитетот на учењето, одговорноста за животната средина и целокупната благосостојба на заедницата.
На 16 септември 2025 година се потпиша Договорот за јавна набавка на 38 интерактивни табли со придружна опрема и истите веќе се испорачани и ставени во фукција во 34 основни училишта во регионот.
На 23 септември 2025 година се потпиша и Договор за јавна набавка на 42 комплети на садови за селекција на отпад и истите веќе се испорачани во 14 основни училишта.
Вкупен буџет за реализација на проектот, по спроведени постапки за доделување на договори за јавни набавки е 2.396.090,00 со вклучен ДДВ.
Проектот е финансиран преку средства од Програмата за рамномерен регионален развој, чија цел е подобрување на благосостојбата во сите осум плански региони, намалување на регионалните диспаритети и подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните преку остварување на рамномерен и одржлив развој на целата територија на државата.
