Емил Василев и Александар Николов, како дел од тимот на Центарот за развој на Источен плански регион задолжен за спроведување на активностите од проектот Protech 2024, учествуваа на редовниот состанок со партнерите од проектот кој се одржа во Székesfehérvár, Унгарија, во периодот од 4 до 5 ноември 2025 година.
Една од клучните точки на состанокот беше седницата на Управниот одбор на проектот, на која се дискутираше за текот на активностите, нивната реализација и планираните следни чекори.
По завршувањето на Управниот одбор, домаќините организираа презентација на културното наследство на Székesfehérvár, при што учесниците имаа можност да го посетат стариот град, тврдината Károlyi-Castle и археолошкиот локалитет Gorsium.
Состанокот заврши со работилница во групи, посветена на идентификување на предизвиците во спроведувањето на проектните активности и предлагање на можни решенија за нивно надминување.
















