Skip to content
1

ДАТУМ

декември 3, 2025

Категории

Конститутивна седница на Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад во Источниот плански регион

Во Општинскиот мултимедијален центар „Киро Глигоров“ во Штип, на 1 декември 2025 година, се одржа Конститутивната седница на Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад во Источниот плански регион.

На почетокот од седницата беше избрана Комисија за верификација на мандатите, по што следеше верификацијата на мандатите на членовите на Одборот. Со едногласна одлука, за претседавач на Меѓуопштинскиот одбор беше избран Владко Грозданов, градоначалник на општина Кочани.

Во рамки на седницата беа усвоени и клучни документи и одлуки поврзани со спроведување стратегиска оцена на влијанието врз животната средина за Регионалниот план за управување со отпад во Источниот и Североисточниот регион. Дополнително, Одборот донесе номинации за член и заменик член во Управниот одбор на проектот за затворање на непрописни депонии во регионот.

Со одржување на оваа конститутивна седница, поставени се темелите за поусогласено регионално делување, поефикасни политики за управување со отпадот и унапредена заштита на животната средина. Седницата претставува значаен чекор кон обезбедување почиста, поодржлива и поздраво уредена животна средина за жителите на Источниот плански регион. 

Галерија

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram