
На 20.04.2026 година, Центарот за развој на Источен плански регион ја одржа втората средба со засегнатите страни во проектот „Зајакнување на регионални и локални центри за привлекување и задржување на таленти и инвестиции – МАГНЕТ“.
На средбата присуствуваа претставници на идентификуваните чинители на национално, регионално и локално ниво: Агенција за иновации, научно технолошки развој и претприемништво, Регионална канцеларија на Стопанска Комора на Македонија, Универзитет „Гоце Делчев“ и Општина Штип, како директни институции кои можат да придонесат за креирање на иновацискиот екосистем на Источниот плански регион.
На вториот состанок официјално се започна со процесот на стратешко планирање и поставување на визијата за подобрување на иновацискиот екосистем и претприемништвото во Источниот плански регион. Првиот чекор беше да се започне со анализа на тековната состојба со идентификување на силните и страните на регионот, како и можностите и заканите кои имаат влијание врз иновациската култура. Дополнително, се идентификуваше клучните актери кои се засегнати во процесот, се мапираше моменталната инфраструктура, базата на таленти, индустриските кластери и истражувачките капацитети. Исто така, се започна и со анализа на бариерите, со идентификување на финансиските и регулаторните ограничувања, како и недостатокот од вештини кои се неопходни на регионот.
Крајната цел на проектот МАГНЕТ е да ја подобри интеграцијата на услугите и алатките за инвестиции и привлекување/задржување на таленти како би се постигнал подобар економски раст со позитивно влијание врз вработувањето, со квалификувана работна сила во однос на потребите на стратешките вредносни синџири.
Проектот МАГНЕТ се имплементира со финансиски средства од ЕУ, во рамките на Програмата Interreg Europe.



