Skip to content
насловна

ДАТУМ

април 17, 2026

Категории

Одржан втор состанок на Одборот на засегнати страни на проектот „Активни центри за стареење: Подобрување на социјалното, физичкото и менталното здравје за благосостојба на старите лица – ActAge“

На 17.04.2026 година се одржа Вториот состанок на Одборот на засегнати страни во проектот „Активни центри за стареење: Подобрување на социјалното, физичкото и менталното здравје за благосостојба на старите лица“.

Имајќи ја предвид природата на проектот, како засегнати страни беа идентификувани Министерството за социјална политика, демографија и млади, Центрите за социјална работа од Источниот плански регион и општините Берово, Пробиштип и Штип.

На вториот состанок и официјално се започна со процесот на стратешко планирање и поставување на визијата за подобрување на благосостојбата на старите лица во Источниот плански регион. Најпрво, присутните претставници на засегнатите институции дискутираа за актерите кои имаат директно и индиректно влијание врз благосостојбата на старите лица на национално, регионално и локално ниво, со идентификување на проблеми и препреки со кои се соочуваат во секојдневната работа. Дополнително, се разговараше и за приоритетните потреби на општините и Центрите за социјална работа во врска со здравствената благосостојба на старите лица, како и за други потреби кои го засегаат регионот и се од доменот на социјалната заштита.

Како следен чекор, се пристапи кон анализа на регионот од социјален аспект. Присутните претставници ги идентификуваа силните и слабите страни на регионот, а дискутираа и кои се можностите кои треба да се искористат за подобрување на состојбата во регионот, како и за заканите кои можат да влијаат врз благосостојбата на старите лица.

Проектот се фокусира да ги промени политиките за нега на стари лица и обезбеди на креаторите на политики рамка за интегрирани политики кои ќе им овозможат на постарите лица еднакви можности и ќе водат достоинствен, активен и значаен живот.

Проектот ActAge се имплементира со финансиски средства од ЕУ, во рамките на Програмата Interreg Europe

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram