Skip to content
насловна

ДАТУМ

септември 14, 2026

Категории

,

Одржана на V (Петта) Седница на Советот за развој на Источен плански регион

Советот за развој на Источен плански регион, на ден 14.09.2026 година, во општина Делчево, ја одржа петтата седница.

На Седницата присуствуваше и Министерот за дигитална трансформација Г-дин Стефан Андоновски кој имаше официјално обраќање пред Советот и информираше за позначајните проекти на Министерството со посебен акцент на проектот за приклучување на општините кон платформата за интероперабилност и Документ менаџмент системот – ДМС.

На седницата Советот донесе:

  • Одлука за усвојување на Патоказ за Зелена Агенда за Источен плански регион 2025-2030 година, изработен од Центар за климатски промени во рамките на проектот „Регионално партнерство за подобро спроведување на Зелената агенда за Западен Балкан на локално ниво“, поддржан од Владата на Швајцарија преку Програмата Цивика Мобилитас;.
  • Одлука за одобрување на експертски/координативен тим формиран од Центарот за развој на Источен плански регион за реализација на Договорот за финансиска поддршка и соработка во реализација на активностите од проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ – II фаза за фискалната 2026 година;
  • Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за плати и надоместоци на вработените во Центарот за развој на Источен плански регион.

Членовите на Советот беа информирани и за реализацијата на проектот „Ревизија, ажурирање и дополнување на постојната физибилити студија за Ски центар Царев Врв со идеен проект“.

Се дискутираше и за реализација на проект „Регионален центар за згрижување и контрола на популацијата на кучиња скитници и ветеринарно здравство во Источен плански регион.

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram