Skip to content
Одржан Младински Летен Фестивал „Култура без граници“ во Општина Сандански, Бугарија во рамки на проектот SERENE BGMK0200046

ДАТУМ

септември 26, 2026

Категории

Одржан Младински Летен Фестивал „Култура без граници“ во Општина Сандански, Бугарија во рамки на проектот SERENE BGMK0200046

Општина Сандански (РР4) и Центарот за развој на Источен плански регион (PP1) во периодот од 26-27 септември 2026 година, организираа дводневен Младински Летен Фестивал „Култура без граници“, активност А1.2 во рамки на проектот „Интегриран развој на препознатлив културен и close-to-nature туризам во Источен плански регион и регион Благоевград” SERENE BGMK0200046.

На Младински Летен Фестивал „Култура без граници“, учество зедоа над 30 (триесетина) млади членови, претставници на Културно Уметничкото Друштво “Ристо Донев – Учителот” од Штип и на  Фолклорен Ансамбл „Љупчо Сантов“, Оризари, Кочани како и фолклорни друштва од општините Гоце Делчев и Сандански, Бугарија.

Во рамки на првиот фестивалски ден се одржа работилница за танц, на која беа претставени традиционални танци и ора од двете земји. Над 80 млади учесници, заеднички ги учеа чекорите на истите и подготвија заедничка кореографија, која беше изведена на крајот на фестивалската вечер. Официјалниот почеток на фестивалот беше означен со дефиле низ центарот на градот.

Во текот на фестивалската вечер, Фолклорниот Ансамбл „Љупчо Сантов“ – Оризари, Кочани се претстави со македонското оро “На три пати”, што го изведе во живо само со тапан, фрагменти од Млешевка, Водарки и Ситна Крстачка, додека пак Културно Уметничкото Друштво “Ристо Донев – Учителот” од Штип се претстави со кореографиите на Овче полка и Скопска блатија.

По завршување на фестивалот, на фолклорните ансамбли им беа доделени благодарници додека пак на сите учесници им беа доделени сертификати.

Во текот на вториот фестивалски ден, се спроведе организирана посета на летниот театар во Сандански, предмет на инвестиција во рамки на проектот SERENE BGMK0200046. Беше организирана тркалезна маса на тема “Пријатели без граници”. Сите учесници, заеднички ги посетија и Археолошкиот Музеј и Епископска базилика во Сандански.

Во текот на фестивалските денови, градот Сандански живееше во духот на традицијата, фолклорот и културата. Младите учесници имаа одлична  можност преку заедничко дружење, учење на чекори, танци и ора да развијат пријателства и да го збогатат своето искуство.

Проектот  SERENE BGMK0200046 е финансиран од Европската Унија преку Програмата за прекугранична соработка  ИНТЕРРЕГ-ИПА Бугарија-Северна Македонија INTERREG VI-A IPA 2021-2027.

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram