Skip to content

ДАТУМ

октомври 8, 2026

Категории

,

Јавна расправа за Нацрт-Просторниот план на Република Северна Македонија 2040 во Источниот плански регион

Во рамки на процесот на подготовка на Просторниот план на Република Северна Македонија 2040, ќе се одржи јавна расправа во Источниот плански регион, со цел запознавање на јавноста со предложените плански решенија и обезбедување активно учество на локалните и регионалните чинители во процесот на просторно планирање.

Јавната расправа ќе биде можност за презентација на Нацрт-Просторниот план, како и за размена на мислења и доставување предлози, забелешки и сугестии од страна на единиците на локалната самоуправа, институциите, стручната јавност, засегнатите страни и граѓаните.

Датум: 15 октомври 2026 година
Време: 11:00 часот
Место: Сала на Советот на Општина Штип

Центарот за развој на Источниот плански регион ги повикува општините од Источниот плански регион, институциите, стручната јавност, граѓанските организации, засегнатите страни и сите заинтересирани граѓани да земат учество на јавната расправа и со свои мислења и предлози да придонесат кон креирањето на идниот просторен развој на државата и регионот.

Вашето учество и придонес се од особено значење во процесот на планирање на одржлив, рамномерен и функционален просторен развој.

Нацрт-Просторниот план на Република Северна Македонија 2040 може да се разгледа на следниот линк:

Нацрт-Просторен план на Република Северна Македонија 2040

 

(линк до просторниот план): https://drive.google.com/file/d/1yR9hCAzFBwPCpxwXsRcnxiGUgRNoyt0J/view

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram