Skip to content
3

ДАТУМ

октомври 22, 2026

Категории

,

Одржани јавни расправи по Нацрт-извештај за стратегиска оцена на животната средина за Регионалниот план за управување со отпад во Источниот плански регион

Во рамките на проектот „Поддршка на имплементацијата на регионалните системи за управување со отпад во Источниот и Североисточниот плански регион“, успешно се одржаа јавните расправи по Нацрт-извештајот за стратегиска оцена на животната средина (СОЖС).

Јавните расправи се одржаа на следните локации и термини:

Општина Кочани (Мултикултурен центар – Кочани) – 20.10.2026 година

Општина Делчево (Спомен-дом АСНОМ) – 21.10.2026 година

На настаните земаа учество претставници од институциите, локалната самоуправа, експертски тимови и заинтересирани граѓани. Програмата се одвиваше по следниов редослед:

Настаните беа официјално отворени со воведни обраќања од претставници на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) и претставник на Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад во Источниот плански регион.

Презентација и резиме на клучните цели на Регионалниот план за управување со отпад беа изложени од страна на Елени Иеремиади (раководител на проектниот тим и експерт за СОЖС – онлајн) и Филип Иванов (експерт за управување со отпад).

Детална презентација на Нацрт-извештајот за стратегиска оцена на животната средина одржаа Елени Иеремиади.

Во рамките на последниот дел од расправите, присутни учесници поставуваа прашања, дадоа свои коментари, сугестии и предлози во насока на подобрување на конечните документи.

Благодарение на активното учество на сите присутни, јавните расправи придонесоа кон транспарентност и вклучување на јавноста во процесите на регионално управување со отпад и заштита на животната средина.

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram