На 28.10.2026 година, Центарот за развој на Источен плански регион ја одржа третата средба со засегнатите страни во проектот „Зајакнување на регионални и локални центри за привлекување и задржување на таленти и инвестиции – МАГНЕТ“.
На средбата присуствуваа претставници на идентификуваните чинители на национално, регионално и локално ниво: Агенција за иновации, научно технолошки развој и претприемништво, Регионална канцеларија на Стопанска Комора на Македонија, Универзитет „Гоце Делчев“ и општините од регионот, како директни институции кои можат да придонесат за креирање на иновацискиот екосистем на Источниот плански регион.
Состанокот започна со информирање на присутните за реализираните активности помеѓу двете средби на Одборот на засегнати страни, како и за активностите кои што претстојат за реализација во рамките на проектот.
Имајќи ја предвид целта на проектот за размена на знаења и искуства помеѓу партнерите, беше извршена презентација на добрите практики поделени согласно четирите под-теми на проектот, а предложени од самите партнерски институции. Целта на презентацијата на добрите практики беше да се запознаат членовите на Одборот со начинот на работа на партнерите во нивните иновациски екосистеми, како би можело навремено да се избере најдобрата практика и да се пренесе знаење пред засегнатите чинители во Источниот регион.
Во вториот дел на средбата се продолжи кон претставување на изработена анализа на регионот, како резултат на дискусиите кои ја имаа членовите на Одборот на вториот состанок одржан во месец април. Учесниците имаа можност да слушнат за конкурентските предности на регионот кои треба да се искористат за подобрување на ситуацијата со иновативноста и претприемништвото во регионот, за слабите страни кои треба да се искористат во идентификувањето на стратешките цели на новата Стратегија за иновации, како и за останати аспекти кои се значајни за подобрување на ситуацијата во секторот. Проектот МАГНЕТ се имплементира со финансиски средства од ЕУ, во рамките на Програмата Interreg Europe

