Центарот за развој на Источен плански регион, Општина Штип и Општина Гоце Делчев од Република Бугарија, започнаа со изработка на Заедничка стратегија за зелена инфраструктура (2025 – 2035) за Источен плански регион, (Р. С. Македонија) и Гоце Делчев (Р. Бугарија). Заедничката стратегија за зелена инфраструктура (2025-2035) се изработува во рамки на проектот: “ТРАНСФОРМИРАЊЕ НА УРБАНИТЕ ДЕЛОВИ СО ЗЕЛЕНА ИНФРАСТРУКТУРА” ECOSCAPE BGMK0300060, финансиран од Програмата за прекугранична соработка Интеррег – ИПА Бугарија – Северна Македонија INTERREG VI-A IPA 2021-2027.
На првата работилница одржана на 20 мај 2025 година (вторник) во Хотел “ОАЗА” – Штип, присутните учесници, претставници од општини, јавни институции и невладини организации, во рамки на Источниот плански регион, се запознаа со целите и активностите на проектот EcoScape. Учесниците, подетално се запознаа и со поимот на зелена инфраструктура и се дискутираа одржливи примери и практики за зелена инфраструктура. Главен акцент на работилницата беше даден на утврдување на методологија за изработка на Заедничка стратегија за зелена инфраструктура (2025 – 2035) за Источен плански регион (Р. С. Македонија) и Општина Гоце Делчев (Р. Бугарија).
Во рамки на проектот EcoScape во тек е и изградбата на три парка во Општина Штип, кои треба да бидат одличен пример за трансформирање на урбаните средини во зелена инфраструктура, на дополнителна површина од околу 1 хектар.
Во текот на 2025 година се очекува Центарот за развој на Источен плански регион да ја заврши изработката на првата Стратегија за зелена инфраструктура.





