Skip to content
Одржана обука за туристички професионалци на тема “Пазарна економија во туризмот” во рамки на проектот „ИНТЕГРИРАН РАЗВОЈ НА ПРЕПОЗНАТЛИВ КУЛТУРЕН И CLOSE-TO-NATURE ТУРИЗАМ ВО ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН И РЕГИОН БЛАГОЕВГРАД” SERENE BGMK0200046

ДАТУМ

јуни 5, 2026

Категории

Одржана обука за туристички професионалци на тема “Пазарна економија во туризмот” во рамки на проектот „ИНТЕГРИРАН РАЗВОЈ НА ПРЕПОЗНАТЛИВ КУЛТУРЕН И CLOSE-TO-NATURE ТУРИЗАМ ВО ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН И РЕГИОН БЛАГОЕВГРАД” SERENE BGMK0200046

Центарот за развој на Источен плански регион во периодот од 02-03 јуни 2026 година, организираше прва дводневна обука во рамки на проектот „ИНТЕГРИРАН РАЗВОЈ НА ПРЕПОЗНАТЛИВ КУЛТУРЕН И CLOSE-TO-NATURE ТУРИЗАМ ВО ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН И РЕГИОН БЛАГОЕВГРАД” SERENE BGMK0200046, на тема “Пазарна економија во туризмот” наменета за 20 (дваесет) туристички професионалци од Источниот плански регион и од регионот Благоевград.

На обуката беа претставени трендовите во туризмот во однос на карактеристиките на нашиот заеднички туристички простор, регион и пазар. Посебно внимание беше посветено на механизмот на понуда и побарувачка во туризмот како и на динамиката на цени на туристичкиот пазар и пазарниот биланс.

Во вториот дел од обуката учесниците имаа можност да се запознаат со политиките, државните регулативи наспроти слободниот пазар за двата региони но и со успешни примери како конкуренцијата го подига нивото на квалитет во туристичкиот сектор и колку процесот на дигитализацијата ја подобрува економијата во секторот.

Во текот на обуката се спроведоа повеќе практични работилници и се размени искуство помеѓу учесниците за состојбите во туристичкиот сектор во двата региона.

Проектот  SERENE BGMK0200046 е финансиран од Европската Унија преку Програмата за прекугранична соработка  ИНТЕРРЕГ-ИПА Бугарија-Северна Македонија INTERREG VI-A IPA 2021-2027.

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram