Прва регионална работилница
Центарот за развој на Источен плански регион Ве поканува да земете учество на Првата регионална работилница за изработка на Програмата за развој на Источниот плански регион за период 2027-2031, што ќе се одржи на 06 ноември 2026 година (петок) со почеток во 10:00 часот во Хотел „Изгрев” – Штип.
Целта на првата регионална работилница е да се утврди моменталната состојба во Источниот плански регион и да се дефинира посакуваната состојба во Источниот регион во 2031 година.
На работилницата се предвидува учество на претставници на општините во состав на Источниот плански регион, претставници на јавни институции, невладин, приватен сектор и останати заинтересирани страни.
Пред учесниците ќе се презентира Извештајот за завршно оценување и главните заклучоци за Програмата за развој на Источен плански регион 2021-2026 година.
Ќе бидат презентирани нацрт секторските анализи како и главни заклучоци и наоди за тематските области.
Учесниците преку работа во групи ќе утврдуваат приоритетни стратешки области за Програмата за развој на Источен плански регион 2027-2031 и заеднички ќе се дефинира визијата на Источниот плански регион за следниот програмски период.
Процесот на изготвување на Програмата за развој на Источен плански регион 2027-2031 е поддржан од страна на Министерството за локална самоуправа преку проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ – II фаза, кој се спроведува со поддршка на Швајцарската Агенција за развој и соработка.
Ве замолуваме Вашето присуство да го пријавите најдоцна до 05 ноември 2026 година (четврток), до 12:00 часот на е-маил: zujica.angelova@eastregion.mk .
Ве очекуваме заеднички да придонесеме во развојот на регионот!
