Skip to content

Можни инструменти за поддршка на вработување на млади луѓе и жени во Република Македонија на локално и регионално ниво

ДАТУМ

јуни 26, 2009

Категории

 

altЦентарот за развој на Источен плански регион во соработка со GTZ RED и YES incubator на 28 мај 2009, Штип одржа работилница на тема “Можни инструменти за поддршка на вработување на млади луѓе и жени во Република Македонија на локално и регионално ниво“.

 На работилницата задоа активно учество 35 учесници од Невладиниот сектор, Агенциите за вработување, Фондации за миокрокредитирање и останати партиципиенти од Источниот плански регион.

Ваквата работилница е резултат на претходно направените анализи и согледувања од теренот, со кои е утврдено дека за жените и младите во регионот има многу малку место во Програмите и Стратегиите за Локален економски развој. Истите се идентификувани како ранливи категории на население, на кои и е потребна помош и поддршка при вработувањето.

На работилницата важни теми кои беа презентирани и по кои се дискуираше беа:
  • Специфичните потреби за поддршка на вработувањето на младите и жените на локално и регионално ниво во Република Македонија; и
  • Можни инструменти за поддршка на вработувањето на младите и жените на локално и регионално ниво.
Потоа се пристапи кон работа во групи на тема: Можни релевантни инструменти за примена во Источниот/Брегалнички плански регион. Резултат од работилницата беа предложените алатки и инструменти како помош при вработувањето.

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy