Skip to content

Month: септември 2009

Запознавање со состојбата со секторот отпад во Источниот плански регион

altНа 15. 09. 2009 година во малата сала на општина Штип се одржа работен состанок на тема Запознавање со состојбата со секторот отпад на регионот. На истата беа присутни Градоначалниците, Раководителот на Центарот за развој на Источниот плански регион Г-ѓа Драгица Здравева, претставници од Советите на општините, јавните претпријатија и од секторите за животна средина од ЕЛС во рамки на Источниот плански регион. На работната средба присуствуваше и  Г-ѓа Елизабет Понцелет од ТЕАКС мисијата за управување со отпад, Г-ѓа Даринка Јантинска раководител на одделението за ИПА при МЖСПП.

Прочитајте повеќе

Одржана петта редовна Седница на Советот за развој на Источен плански регион

altСоветот за развој на Источниот плански регион на 02.09.2009 година (среда) ја одржа својата 5 (петта) редовна седница во Делчево.
Со Седницата претседаваше Претседателот на Советот за развој на Источниот плански регион Г-дин Ратко Димитровски Градоначалник на Општина Кочани. На Седницата присуствуваа сите градоначалници од Источниот плански регион, Раководителот на Центарот за развој на Источниот плански регион и консултантот на Центарот д-р Денис Жерновски.

 

Прочитајте повеќе