Деветата Седница на Советот за развој на Источен плански регион се одржа на 25.02.2010 година во с. Облешево. На Седницата присуствуваа Градоначалниците од Источниот плански регион, претставници од МЖСПП и вработените во Центар за развој на Источен плански регион.
На Седницата се усвои Акциониот план за работа на Центарот за 2010 година, беше предложена Годишна листа на предлог проекти за финансирање во 2010 година преку Биро за регионален развој. Поради дополнителни консултации помеѓу Градоначалниците за приоритетноста на предлозите, оваа листа ќе биде усвоена на Седницата на Советот на 04.03.2010 во Пробиштип. На Седницата се донесе заклучок да се продолжи активноста за зачленување на Источниот плански регион во AER и беа номинирани и избрани членовите за постојните Комисии и Програми во рамките на истата.
Раководителот на Секторот ИПА при МЖСПП, г-ѓа Даринка Јантинска ги презентираше ИПА активностите за воспоставување на интегриран и финансиски самоодржлив систем за управување со отпад.
На Седницата, Центарот покрена иницијатива за потпишување на „Меморандум за соработка и координација во насока на зголемување на инвестициите за развој на патната мрежа во Источна Македонија“, која беше едногласно усвоена.
No comment yet, add your voice below!