Skip to content

ДАТУМ

јануари 24, 2012

Категории

ГРАДЕЊЕ НА ПАРТНЕРСКА МРЕЖА МЕЃУ ИНСТИТУЦИИТЕ КОИ НУДАТ ПОДДРШКА НА БИЗНИС СЕКТОРОТ, МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА И ЛОКАЛНИТЕ ВЛАСТИ

altВо рамките на проектот “Прекугранично бизнис вмрежување за оддржлив раст”, финансиран од Програмата за прекугранична соработка помеѓу Р.Бугарија и Р.Македонија, во Штип од 11-12.11.2011 година, се одржа првата Контактна средба за градење партнерска мрежа за соработка помеѓу Институциите кои нудат поддршка на бизнис секторот во прекуграничниот регион. Основна цел на проектот е подобрувањето на бизнис климата во овој регион преку унапредување на бизнис соработката на компаниите како и преку развој на нови бизнис услуги и иновативен начин на промоција на компаниите.

 

На првата Контактна средба на која присуствуваа претставници од областа Благоевград, Р.Бугарија како и претставници од институциите и организации кои нудат поддршка на бизнис секторот и општините од Источниот плански регион на Р. Македонија, главна цел беше да на едно место се сретнат заинтересираните страни од прекуграничниот регион како би разговарале за потребите, концептот и идеите за идниот развој на партнерската мрежа. Исто така на средбата се дефинираше и моделот за заедничко планирање на развојот на прекугранични партнерски иницијативи и активности. Меѓу заклучоците до кои се дојде на оваа прва средба е дека е неопходно вмрежување на поголем број економски субјекти, како и инститиции и организации кои го поддржуваат бизнисот, со цел ефикасно искористување на целокупниот економски потенцијал. Токму во моментот е започната иalt процедурата на контактирање на институциите кои нудат поддршка на Бизнисот во прекуграничниот регион, со цел нивно информирање за проектот “Прекугранично бизнис вмрежување за оддржлив раст” како и за бенефитите кои тие би ги добиле од воспоставувањето на идната партнерска мрежа. Сите правни субјекти, заинтересирани за членство во партнерската мрежа, слободно можат да ги контактираат одговорните во Центарот за Развој на Источен плански регион и да достават нивни информации.

Овој проект, е финансиран од страна на Европската Унија, и се очекува да заврши во мај 2012 година. Со можностите кои ги нуди, проектот ќе повлече нови инвестиции во регионот, ќе биде основана партнерска мрежа за соработка меѓу институциите кои нудат поддршка на бизнис секторот и ќе бидат промовирани мерки и инструменти за поттикнување на партнерство меѓу малите и средните компании.

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy