Започна процесот за подготовка на
Програмите за развој на планските региони
2015-2019 година
Министерството за локална самоуправа со подршка на ГИЗ РЕД Програмата за Р. Македонија започна со процесот на подготовка на Програмите за развој на планските региони 2015-2019 година.
Првата работилница за ревизија и подготовка на Програмите на планските региони се одржа на 19 август 2014 година , во Скопје на која присуствуваа раководителите на 8-те (осум) Центри за развој на планските региони во Р.Македонија и вработените во Центрите одговорни да го координираат процесот на ревизија/подготовка на Програмите , претставници од Министерството за локална самоуправа, Бирото за регионален развој, ГИЗ РЕД Програмата и назначените експерти вклучени во процесот на изработка.
Ревизијата на Програмите ќе се спроведува согласно Законот за рамномерен регионален развој (сл.весник: 63/07,187/13), Правилникот за методологија за изработка на планските документи за регионален развој (сл.весник:102/09) и Стратегијата за регионален развој на Република Македонија 2009-2019 година (сл.весник 119/09) и ревизијата на Стратегијата.
На работилницата беа дадени:
- Насоки за подготовка на Програмите за развој на планските региони 2015-2019 година,
- Информација за процесот на ревизија на Стратегијата за Регионален Развој на Република Македонија 2009 – 2019 година,
- Цели што треба да се постигнат во процесот на ревизија/подготовка на Програмите за развој на планските региони 2015 – 2019 година,
- Преглед на процесот за ревизија/ подготовка на Програмите за развој на планските региони 2015 – 2019 година,
- Планирање на распоредот (одделно за секој регион),
- Улоги и одговорности на вклучените страни,
- Завршна дискусија,
- Заклучоци,
- Следни чекори.
Во Програмите за развој на планските региони се определуваат:
- Цели за развој на планскиот регион,
- Мерки и инструменти за поттикнување развој на планскиот регион,
- Мерки и инструменти за поттикнување развојна подрачја со специфични развојни потреби,
- Финансиски извори, временска рамка и индикатори за спроведување на меркитеза поттикнување развој на планскиот регион,
Во Програмата се дефинираат приоритетите за развој на регионот и подрачјата со специфични развојни потреби и истата претставува основа за подготовка на плановите на единиците на локалната самоуправа во сверата на нивниот економски, социјален,урбанистички, еколошки, културен и друг развој.
{gallery}novosti/2014.08.26:::0:0{/gallery}
No comment yet, add your voice below!