Skip to content

ДАТУМ

август 29, 2014

Категории

ИПА Програма за прекугранична соработка Р.Б. – Р.М.

Трет состанок на Заедничката работна група за подготовка на ИПА Програмата за прекугранична соработка Р.Бугарија – Р.Македонија (2014-2020)

На 21 август 2014 година во Софија, R.Бугарија, во Best Western  Plus City Hotel,  Заедничката работна група за подготовка на ИПА Програмата за прекугранична соработка Р.Бугарија – Р.Македонија (2014-2020) одржа трет редовен состанок на кој беше презентирана Финалната верзија на Програмата.

По завршување на  планирани  активностиизадолжителни процедури, се очекува  Програмата да биде одобрена од страна на Европската Унија. Објавувањето на  првиот повик за поднесување на предлог –проекти за финансирање  се планира за  месец март-април 2015 година.

На состанокот од македонска страна присуствуваа претставниците од Министерството за Локална Самоуправа, Секретаријатот за Европски прашања при Влада на Р. Македонија, Претставник од Европската Комисија во Скопје и претставник од Македонската Амбасада во Софија.

На состанокот  како член на Заедничката работна група за подготовка на ИПА Програмата за прекугранична соработка Р.Бугарија –Р.Македонија (2014 – 2020) присуствуваше Г-ѓа Драгица Здравева, Раководител на Центарот за развој на Источен плански регион.

{gallery}novosti/2014.08.29_1_ipa:::0:0{/gallery}

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy