Во рамките на овој проект како прва активност е изработка на: „Студија за состојбата со потенцијалите за развој на туризмот во Источниот плански регион“. За изработка на оваа Студија, од страна на експертскиот тим од фирмите IDEAО.К и Balkan Development Solutions (BDS), и Центарот за развој на Источен плански регион беше организирана рабoтилница за анализа на просторот на регионот од аспект на природните карактеристики и создадените вредности по однос на културните ресурси.
Ова е прва работилница на групата на засегнати страни од Источниот плански регион во делот на предвидените активности за изработка на Студија за состојбата со потенцијалите за развој на туризмот во Источниот плански регион. Подготовката на Студијата е проектна активност во рамки на проектот за изработка на Стратегија за развој на туризмот во Источен плански регион со Акционен план (2015-2024).
Изработка на Студијата за состојбата со потенцијалите за развој на туризмот во Источниот плански регион е основата од кој треба да започнат синхронизирани комплексни активности за изработка на Стратегијата за развој на туризмот во регионот. Студијата треба да даде преглед и анализа на постоечката институционална поставеност за туризам, опис на демографските и економските потенцијали, туристичко – географската положба и поврзаност во ИПР, идентификација и анализа на клучните фактори за потенцијален развој на туризмот, преку анализа на природните ресурси и создадените вредности на регионот, идентификација и опис на видовите туризам и постоечките туристички локалитети и атрактивности во ИПР. Документот ќе даде оценка на досегашниот туристички развој во ИПР и проценка на потенцијалите на идниот развој на оваа област.
Стратегијата за развој на туризмот во ИПР има за цел да ги утврди стратешките цели, приоритети и мерки за развој со цел на интегрирано поставување на решенија за постигнување на рамномерен интрарегионален развој во Источниот плански регион во областа на туризмот. Стратешкиот и акционен план за развој на туризмот во регионот во периодот 2015 – 2024 треба да обезбеди имплементација на моделот на полицентричен развој, утврден како основен модел на политиката за регионален развој и придвижување на активностите во овој сектор. За реализација на оваа проектна задача е потребен тим кој освен интердисциплинарност и плурализам на експертизата во себе ќе содржи и високо ниво на знаење и искуство на оперативност и повеќенасочна комуникација меѓусебе во тимот но и со клучните актери во регионот.
Студијата ќе се изработи на партиципативен начин, со активно учество на сите релевантни чинители во областа на туризмот, вклучувајќи ги корисниците, локалната самоуправа и јавниот сектор, приватните бизниси и граѓанскиот сектор од Источниот плански регион.
Општата цел на работилницата е:
- Да се направи анализа на просторот на Источниот плански регион од аспект на . природните карактеристики и создадените вредности по однос на културните ресурси.
Посебните цели на работилницата се:
- Учесниците да разменат и усогласат информации поврзани со идентификација на природните ресурси кои имаат потенцијал да продонесат во развојот на туризмот во регионот,
- Учесниците да разменат и усогласат информации поврзани со идентификација на културните ресурси кои имаат потенцијал да продонесат во развојот на туризмот во регионот,
Заеднички да се усогласат идни чекори во процесот на прибирање и престатвување на податоци кои ќе бидат користени во процесот на изработка на Студијата.
{gallery}novosti/2014.10.14:::0:0{/gallery}
{module [373]}{loadmodule related}
No comment yet, add your voice below!