Како дел од развојната соработка помеѓу Република Македонија и Република Словенија, Амбасадата на Република Словенија организираше работилница за поддршка и зајакнување на Македонските капацитети на централно и регионално ниво за управување со инфраструктуни проекти финансирани од Европската унија. Работилницата се одржа во ресторанот „Три Бирери“ во Скопје на 16 и 17 декември 2014 година.
Целта на работилницата беше низ практични примери, како да се финансираат општински инфраструктурни проекти и Словенечкото искуство во затворање на финансиските конструкции на инфраструктурните проекти особено по пат на јавно приватно партнерство.
Преку интерактивно учество на сите учесници во работилницата беа презентирани:
- ЕУ фондовите за Македонските општински инфраструктурни проекти, програми и ЕУ тендери, со анализа на IPA, IPARD, CBC …
- Научени лекции и идентификација на пречки во општинските инфраструктурни проекти,
- Словенечки искуставaи наоѓање на решенија,
- Подготовка на проекти согласно правилата на ЕУ,
- Алокација на ЕУ буџети на проекти и улогата на општините,
- Анализа на механизмите за координација и искуства во развојот на националните програми,
- Зголемување на финансиските ресурси за инвестирање во комбинација со јавното приватно партнерство,
Работилницата заврши со изработка на Акционен план за понатамошен прогрес.
No comment yet, add your voice below!