Skip to content

ДАТУМ

декември 26, 2014

Категории

Одржан работен експертски состанок

Програмата за зачувување на природата во Македонија е проект со кој ќе се изработат голем број на стратешки докумети како што се: Студии, стратегии анали и друго од сите области значајни за развојот на Источниот плански регион. Вакви стратешки документи на ниво на Плански регион речиси и да не постојат или ги има но не го опфакаат целиот регион или се изработени поодамна.  Една од нив која ќе даде голем придонес во проучувањето на биолочката разновидност е „Анализа на недостатоци во еколошките податоци и изработка на карта на еколошка сензитивност за подрачјето на сливот на река Брегалница“.

За таа цел избраниот експертски тим на 28.11.2014 година, во Природнонаучниот музеј во Скопје, одржа работен експертски состанок  на кој пред претставници од Центарот за развој на Источен плански регион, Фармахем, донаторот SDC, студенти и останати заинтересирани страниги претстави досегашните резултати од извршените истражувања

Тим лидерот доц.д-р Славчо Христовски заедно со останатите членои од тимот ги претставија моменталната состојба со познавањњето на биолошката разновидност во сливот на река Брегалница и идните планови за пополнување на недостатоците, состојбата со познавањето на фауната, хидробиологијата, флората, габите, хабитатите, пределите, агробиодиверзитетот, заштитените подрачја, екоситемски услуги, значајни шумски екосистеми. Потоа се премина кон презентирање на состојбата со картирањето, методологијата за изработка на картата на еколошка сензитивност како и работата со базата на податоци.

Експертскиот состанок заврши со презентирање на идните планови во исполнување на очекуваните резултати.

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy