Skip to content

Month: ноември 2015

Оддржан прв информативен настан на тема ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ЗАКОНОТ ЗА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ И ЗАКОНОТ ЗА ПРОСТОРНО И УРБАНИСТИЧКО ПЛАНИРАЊЕ за општините во состав на Источниот и Североисточниот плански регион

На 10 Ноември, 2015 година, во Хотел “Изгрев”Штип, се оддржа првиот информативен настан на тема  ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ЗАКОНОТ ЗА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ И ЗАКОНОТ ЗА ПРОСТОРНО И УРБАНИСТИЧКО ПЛАНИРАЊЕ за општините во состав на Источниот и Североисточниот плански регион во рамките на проектот на Министерство за Локална Самоуправа, “Иновативни решенија за подобар пристап до услугите на локално ниво”кој се спроведува од страна на Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) во соработка со Центрите за развој на планските региони во Република Македонија, т.е. за Источниот плански регион се реализира во рамките на проектот „Формирање на Бизнис Центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Источен плански регион“.

Прочитајте повеќе

Одржана (XX) Дваесеттата Седница на Советот за развој на Источен плански регион

Советот за развој на Источен плански регион на ден 30.10.2015 година (петок) во општина Чешиново - Облешево, ја одржа својата (XX) ДваесеттаСедница. На седницата позначајни точкипо коисе расправаше беа:

  1. Годишна листа на Предлог - Проекти за развој на Источен плански регион за 2016 година;
  2. Презентација на финалната верзија на Стратегија за развој на туризмот во Источен плански регион со акционен план (2015 – 2024);
  3. Примопредавање на инвестиционо-техничка документација заИзградба на патишта и паркиралишта во Спортско Рекреативен Туристички Центар  Пониква.
Прочитајте повеќе

Јавна расправа за нацрт Извештај за стратегиска оцена на животната средина на “Стратегија за развој на туризмот во Источен плански регион со акционен план (2015-2024)”

Преземете Покана и Агенда за оваа јавна расправа. – кликни на овој линк за Покана – кликни на овој линк за Агенда  
Прочитајте повеќе