Skip to content

ДАТУМ

јуни 30, 2016

Категории

Информативен Настан на тема: „Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап, спин-оф за потенцијални апликанти“

На 24-ти јуни, 2016 година, во Хотел „Изгрев”- Штип, се оддржа  информативен настан со приватниот сектор од Источен плански регион и останатите заинтерсесирани чинители на тема: „Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап, спин-оф за потенцијални апликанти“.

Организирањето на ваков тип на настани е значаен чекор во поддршка на приватниот сектор т.е малите и средни претпријатија, трговци / економски оператори во регионот, занаетчии, потенцијални заинтересирани странски и домашни инвеститори и др.

Главна цел на настанот е зголемување на конкурентноста на планскиот регион преку поддршка на малите и средните претпријатија и на претприемништвото, што воедно е нотирано како стратешки приоритет во Програмата за развој на Источен плански регион:

  • Среднорочна цел 1.
    (Економски развиен регион, пошироко препознаен како атрактивен за инвестирање);
     
  • Приоритет 1.2.
    (Развој на претприемништвото и на малиот бизнис во регионот);
     
  • Мерка 1.2.2.
    (Поддршка на бизниси од висока технологија и креативни индустрии);
     
  • Мерка 1.2.3.
    (Подигање на капацитетот на бизнисите за пристап до развиените фондови);

На настанот присуствуваа претставници од: МСП, претприемачи, здруженија на граѓани и фондации, невработени лица, занаетчии, трговци, членови на кластери и мрежи и потенцијални странски и домашни инвеститори.

Настанот беше организиран во соработка со Стопанска комора на Македонија и Фондот за иновации.

Настанот со поздравна порака го отвори Г-ѓа Драгица Здравева, Директор на Центарот за Развој на Источен плански регион.

Теми на настанот беа:

  • Презентација на Фондот и инструментите;
  • Правила и процедури за финансирање под инструментот;
  • Краток вовед во Апликациски пакет;
  • Подготовка на предлог проекти, како информации за софтвер, апликациски формулар, бизнис план, буџет на проектот и придружна документација.

По завршувањето на сите излагања, се оддржаа B2G средби помеѓу заинтересираните претставници од приватниот сектор и претставниците од  Стопанска комора на Македонија и Фонф за иновации.

Настанот имаше интерактивен карактер од коj се согледа заинтересираноста на бизнис заедницата од ваков тип на информативни настани од различни области.

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy