На 6 септември 2017 година во Хотел Александар Палас во Скопје се одржа Конференција за „Политиките за рамномерен регионален развој“ која претставува завршен настан на проектот „Алијанса за регионален развој“, спроведуван од Форум – Центар за стратешки истражувања и развој, Скопје и Младински инициијативи за дијалог и соработка, Битола.
Во рамки на конференцијата беа презентирани истражувањата и анализите спроведени во рамки на „Алијанса за регионален развој“ и ќе бидат споделени заклучоците поврзани со политиките за рамномерен регионален развој кои се спроведени во последните десет години како и препораките за воспоставување поефикасни механизми за развој на планските региони и намалување на диспаритетите помеѓу регионите.
Проектот е финансиран од Европската Унија, а неговата главна цел е зголемување на транспарентноста на јавните политики за регионален развој во РМ со вклучување на претставници на граѓанското општество во сите процеси на планирање и спроведување на овие политики.
Конференцијата ја отворија:
Кочо Анѓушев, Заменик Претседател на Владата задолжен за економски прашања и Претседавач на Националниот совет за рамномерен регионален развој при Владата на Република Македонија,
Никола Беротлини, Раководител на Сектор за соработка во Делегацијата на Европската унија, и
Сухејл Фазлиу, Министер за локална самоуправа.
Во првата сесија на Конференцијата свое излагање имаше и Емил Василев, Координатор за регионален развој во Центар за развој на Источен плански регион кој ги презентираше досегашните Искуства од Работењето на Центарот за развој на Источен плански регион и добри практики во спроведување на проекти.
Свое обраќање имаше и Јуриј Кобал, Директор на Оикос со Студија на случај: Ефикасност на политиките за Рамномерен регионален развој во Словенија, потоа Слаѓан Пенев, Извршен директор, Форум ЦСИД кој ја претстави Студијата за ефикасноста на политиките на Рамномерен регионален развој во РМ во рамки на проектот Алијанса за регионален развој и Славица Ќучукова Николова од Центар на активни граѓани АКТИВО – која ја претстави Анализата во рамки на проектот Алијанса за регионален развој.
No comment yet, add your voice below!