Skip to content

ДАТУМ

септември 26, 2017

Категории

Оглас за вработување на Координатор на активности поврзани со еко туризам

Врз основа на член 22 и член 23 од Законот за работни односи (Пречистен текст ''Сл. Весник на РМ'' бр.167/15 и 27/16), член 7 став 1 алинеја 4 од Одлуката за основање на Центарот за развој на Источниот плански регион, а во врска со Договор за заедничко спроведување на Проект бр.0802-36/2 од 03.02.2017 година склучен помеѓу Центар за развој на Источен плански регион и Фармахем ДООЕЛ Скопје и Одлука бр.0401-279/1 од 21.09.2017 година, Центарот за развој на Источен плански регион, објавува

ОГЛАС за вработување на Координатор на активности поврзани со еко туризам на Проект ,,Програма за зачувување на природата во Македонија (ПЗП) – фаза 2” во Центарот за развој на Источен плански регион – 1 извршител на определено време од 6 (шест) месеци

Покрај општите услови за вработување предвидени со Законот за работни односи (да е државјанин на Р.Македонија, да е полнолетен, да не му е изречена казна- забрана за вршење на професија, должност или дејност) кандидатите треба да ги исполнуваат и следните посебни услови:

  • Завршено VII / 1 степен на образование, односно сегашен VIA степен на високо образование со кој се стекнуваат 240 ЕКТС кредити;
  • Минимум 3 (три) години работно искуство во управување/учество на проекти од областа на туризам;
  • Солидно познавање на англиски јазик;
  • Познавање на работа со компјутери;
  • Поседување возачка дозвола (категорија Б);
  • Одлични комуникациски вештини, капацитет за анализа на комплексни прашања од областа на туризмот, прецизност, самоиницијативност, како и желба за тимска работа и постојано усовршување.

Работникот ќе работи на спроведување на проектните активности на Проектот ,,Програма за зачувување на природата во Македонија (ПЗП) – фаза 2” како Координатор на активности поврзани со еко туризам . Лицето ќе биде одговорно за развој и координација на активности поврзани со регионалниот туризам во ИПР. Лицето ќе биде ангажирано за координација на активностите од ПЗП поврзани со “environmentfriendly” туризам, координација на координативното тело за туризам на ИПР, реализација и следење на активности предвидени во Стратегијата за развој на туризмот во ИПР со акционен план (2016 -2025), комуникација со засегнати страни, учество во планирање и известување, промоција на активностите и сл.

Огласот е отворен 10 (десет) работни дена од денот на објавувањето, сметајќи го и денот на објавувањето.

Работодавачот ќе изврши избор во рок од 21 работен ден по истекот на рокот за пријавување.

Заинтересираните кандидати да достават документи со кои ќе докажат дека ги исполнуваат условите наведени во огласот заедно со Мотивационо писмо за работа и CV.

Работни часови неделно: 40; Работно време од 08:00 до 16:00; Работни денови: од понеделник до петок.

Основна нето плата: 26.000,00 денари

Пријавите за вработување со потребните документи да се достават до Архивата на: Центар за развој на Источен плански регион, на адреса ул.“Ванчо Прќе“ бр.119, кат 2, 2000 Штип,

лице за контакт: Драгица Здравева тел: 032/386-408.

Кандидатите кои ќе достават навремени и комплетни документи со кои докажуваат дека ги исполнуваат условите од Огласот ќе бидат селектирани и повикани на Интервју.

Центар за развој на Источен плански регион
Раководител
Драгица Здравева

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy