ДАДЕТЕ ИДЕЈА

Јавна презентација на Каталог на реализирани проекти

05.10.2017

IMG 6102 Јавна презентација на Каталог на реализирани проектиСогласно Договорот за соработка во 2017 година помеѓу Министерството за локална самоуправа и единиците на локалната самоуправа од Источниот плански регион, основачи на Центарот за развој на Источниот плански регион, Центарот за развој на на Источниот плански регион изработи Каталог на реализирани проекти за период од 2008-2016 година.

За таа цел на 03.10.2017 година (вторник) во хотел Изгрев во Штип се одржа Јавна презентација на Каталогот на реализирани проекти.

IMG 6107 Јавна презентација на Каталог на реализирани проектиКаталог има за цел сублимирано да ги прикаже реализираните проекти на Центарот за развој на Источен плански регион за периодот 2008-2016 година.

Во Каталогот се опфатени 30 регионални проекти реализирани од страна на Центарот за развој на Источен плански регион во партнерство со општините од регионот, а финансирани во рамки на  Програмата за рамномерен регионален развој .

IMG 6116 Јавна презентација на Каталог на реализирани проектиВкупната вредност на сите проекти изнесува 86.357.926,00 денари, од кои 6.342.344,00 денари се средства како кофинансирање на општините – партнери во проектите.

На следниот линк можете да го погледнете каталогот. преземи каталог.
Можете да го прегледате и во продолжение.

 

 

 

Сподели ја објавата